УХМР со најнова вест: Ситуација е опасна, посебно во овие делови од Македонија

Обилните ноемвриски дождови не стивнуваат – напротив, дождовите продолжуваат со ист интензитет и денеска попладне, а веќе предизвикаа серија одрони на патиштата и поплавувања.

Одрони на патиштата низ Македонија се пријавени на повеќе делници, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат возачите да бидат особено внимателни, затоа што нестабилните косини и натопената почва можат и понатаму да активираат свлечишта.

УХМР СО НАЈНОВА ВЕСТ

Жолто ниво за предупредување од можни поплави-состајбата со водотеците е потенцијално опасна!

Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола од раните утрински часови се на терен поради интензивните врнежи што го зафатија регионот. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки со цел навремено справување со можните последици од обилните дождови.

Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ситуацијата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден. Тој нагласи дека екипите ќе останат ангажирани онолку долго колку што е потребно за да се обезбеди максимална заштита на граѓаните.

„Работиме посветено за безбедноста на граѓаните“, порача Коњановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде