ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА – се апси на повеќе локации

Службеници, раководители и вработени во Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат се апсат за на неколку локации во државата, а се поврзани со трагедијата што се случи во Кочани, но се уште нема официјални детали ниту од Министерството за внатрешни работи ниту од Обвинителството, објави редакцијата на „Слободен печат“.

Наводно тие се апсат за коруптивни дела, поткуп, злоупотреба на службената положба, но нема информации дали меѓу уапсените е и братот на В.Д. претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска.

Во документарец на Истражувачката репортерска лабораторија беа објавени пораки помеѓу синот на сопственикот на импровизираната дискотека „Пулс“, Михајло Јованов, и Драган Паунов, инспектор во УЈП, кој според прикажаното ги предупредувал газдите за доаѓање на инспекциите и за тоа добивал подароци.

Паунов е брат на Даниела Димовска, новата в.д. претседателка на скопскиот Кривичен суд, каде почна судењето за 35-темина обвинети за трагедијата во Кочани.

Од МВР за „Слободен печат“ само кратко соопштија дека акција има.

Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена. Обвинителството во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани покрена постапки против повеќе лица поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификување документи, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде