Што значи ако врне снег на Архангел Михаил? Ова верување строго се почитува

Куќната слава има посебно место во македонската традиција. Тоа е ден кога семејствата се собираат околу празнична свеќа, жито и колач, зачувувајќи го споменот на своите предци и оддавајќи благодарност на светецот кој ги штити. Секој празник има своја традиција и посебни обичаи, а Свети Архангел Михаил е еден од празниците што луѓето го сметаат за исклучително моќен и лековит.

На 21 ноември, Македонската православна црква го слави Соборот на Свети Архангел Михаил и другите бестелесни сили. Се смета за еден од најзначајните датуми во црковниот календар.На иконите, тој е прикажан како воин со меч или копје, па затоа се верува дека тој е оној што доаѓа по човечката душа кога ќе дојде нејзиниот час.

Снег за Свети Архангел Михаил

Арханел Михаил се слави на есен, а според традицијата, светецот бил згрижен во есенските и зимските денови, период на студ и тешкотии. Луѓето велат дека во тоа време Архангел Михаил шета низ светот облечен како просјак, со цел да ги прекори неверниците и да им помогне на оние на кои им е потребна помош.

Исто така, постои старо правило за прогнозирање: какво е времето на Денот на Свети Архагел Михаил, така ќе биде цела зима и доцна пролет. Ако врне снег на денот на празникот, зимата ќе биде сурова.

По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“. 

Меѓу народот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата – не е на добро, а ако застане кај главата – болниот ќе оздрави.

Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време – времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде