Денес и наредните денови територијата на Република Македонија ќе биде под силно влијание на циклонската активност од Џенова, која носи серија на влажни воздушни бранови и нови обилни врнежи од дожд.
Повеќе региони се наоѓаат под жолта предупредувачка фаза поради очекуваните големи количества воден талог, локално над 30 до 50 литри дожд за 24 часа, како и поради засилениот јужен ветер кој повремено ќе надминува 60 км/час. На поедини места процесите ќе бидат проследени и со громовни нестабилности, а можно е и појава на локално невреме.
Поради високата воденост на реките и почвата, постои ризик од нови локални поплавувања, како и понатамошно зголемување на нивото на реките и езерата. Возачите се повикуваат на претпазливост, особено во близина на водотеци и поплавливи делови.
Славчо Попоски утрово објави дека врнежи од снег има на високите делови од Шар Планина.
