Тешка сообраќајка вечерва – овој патен правец е затворен за сообраќај

Фото: Архива

Вечерва тешка сообраќајна незгода.

Сообраќајот на патниот правец А3 од Битола до државната граница со Република Грција од 20:00 часот е

во прекин поради сообраќајна несреќа и истиот се пренасочува низ селата Бистрица и Породин.

Како што информираат од АМСМ, пренасочувањето е поради сообраќајна несреќа на крак А-3 од Битола кон државна граница со Грција во близина на крстосница за селата Бистрица и Оптичари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде