Страотна несреќа, маж со тешки повреди итно пренесен во болница

На 21 ноември 2025 година, околу 20:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила – „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од 52-годишниот В.Л. од Скопје, и „шкода“ со српски национални ознаки, управувана од 38-годишниот Р.Ѓ. од Република Србија, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди здобил возачот на „хјундаито“, кој бил пренесен и хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“.

По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде