Тажна вест пристигна вечерва: Почина познатиот македонски доктор

Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од најистакнатите македонски невропсихијатри, долгогодишен универзитетски професор и поранешен директор на Клиничкиот центар во Скопје.

Џонов, кој е роден на 24 ноември 1943 година во Штип, остави длабока трага во македонското здравство и едукација.

Тој во два мандати ја извршуваше функцијата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а е основач и поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести.

За неговиот долгогодишен придонес, во 2010 година му беше доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде