Ужасна вест ја потресе Македонија – Обвинителството со детали

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело полов напад и силување по член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 19 ноември, кога осомничениот, користејќи сила и спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја принудил на сексуален однос.

Според обвинителството, мажот ја пресретнал жртвата – негова поранешна партнерка со која бил во подолга врска – пред нејзиното работно место и ја убедил да влезе во автомобил за, наводно, да разговараат и да ја однесе дома. Наместо тоа, свртел кон полски пат, каде што во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал да не смее да биде во врска со друг маж.

Кога застанал, жртвата се обидела да побегне, но осомничениот со шлаканици и боксови повторно ја внел во автомобилот и ја принудил на полов однос, и покрај нејзиното континуирано спротивставување.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде