„Заминува човек чија мудрост, смиреност и професионална посветеност оставија трага во македон…“

Проф. д-р Илија Џонов, истакнат невропсихијатар и редовен професор, почина на 23 ноември 2025 година.

Тој беше поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, два мандата декан на Медицинскиот факултет Скопје и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје.

Голем број колеги, пријатели и роднини се простија од познатиот доктор.

Последен поздрав напиша и Костадин Костадинов.

Последен поздрав за почитуваниот Професор д р Илија Џонов.

„Заминува човек чија мудрост, смиреност и професионална посветеност оставија трага во македонското здравство и во генерации лекари. Професорот Џонов беше еден од најзначајните невропсихијатри кај нас, некогашен директор на Клиниката за нервни и душевни болести, декан на Медицинскиот факултет во Скопје два мандата, директор на Клиничкиот центар и добитник на Наградата 13 Ноември.

Но постои и една друга, тивка и длабока приказна која мене лично многу ме допира. Професорот Илија Џонов секогаш наоѓаше време за Струмица и ја носеше во срцето. Тоа го правеше во чест на неговиот татко Боро Џони, човек чиј спомен живее и денес преку основното музичко училиште кое го носи неговото име. Семејството Џонови низ годините доделуваа стипендии и поддршка за младите, оставајќи наследство од хуманост и достоинство, наследство кое не избледува.

Во мое име и во името на моето семејство изразувам длабоко сочувство до семејството Џонови.

Нека почива во мир.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде