Дете на година и осум месеци почина во кичевската болница.
Од болницата велат дека детето било донесено синоќа и во многу тешка здравствена состојба, а обидите на лекарите да го реанимираат биле безуспешни.
Според лекарите нема траги на насилство, но случајот е пријавен и во полицијата во Кичево.
МВР
– Во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.
Од кичевската болница велат дека телото на детето е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

