Голема полициска акција се спроведува од утрово на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје.
Според информации на проталот Прес24, меѓу приведените и осомничените се поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски, поранешен директор на Агенцијата за стокови резерви и уште тројца раководители од истата институција.
Сомневањата се однесуваат на сериозни малверзации со државните стокови резерви. Според обвинителството, осомничените со неизвршување на своите службени должности придонеле да се отпишат 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од стоковите резерви, со што на државниот буџет му била нанесена штета од околу 780.000 евра.
Полициските активности продолжуваат, а повеќе информации и детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.

