Денеска почина познатиот спортски работник и фудбалски судија од Охрид Димче Стојкоски-Лепи, објавија од неговото семејство, пренесе Охрид прес.
– Следниот фудбалски меч суди го во рајот на твој посебен правичен начин, порача во емотивната порака неговиот син, Љупчо Стојкоски Лепи.
Во родното Белчишта ја откри убавината на фудбалот, за потоа во периодот од 1961 до 1970 година да игра во охридските фудбалски клубови „Металец“ и „Застава“ во Охрид. Неговата кариера како фудбалски судија започна во Ниш, кога, како акцијаш, во 1959 година полагал за фудбалски судија. Фудбалската правда ја делел во Охрид од 1970 до 1988 година, а во три мандати, почнувајќи од 1976 година, бил избиран и за претседател на охридската фудбалска судиска организација. Свечено се збогува со делењето на фудбалската правда во април 1997 година.
Димче Стојкоски-Лепи ја доби наградата за животно дело на Општина Охрид за 2014 година, во знак на признание на неговите успеси во фудбалот и другите спортови во градот, кои гтој и преточи и во осум книги.
Погребот ќе се одржи во среда, на 26 ноември 2025 година, од 12:00 до 12:30 часот на Градските гробишта во Охрид.
извор: ОхридПрес

