ОГРОМНА ТАГА: Почина познатиот македонски музичар

Тажната вест ја објави Радио Валандово.

Денес Валандово изгуби уште еден голем уметник, човек чија музика и душа ќе останат засекогаш меѓу нас. Замина Мики Божинов, роден на 30 октомври 1977 година — човек кој живееше во ритамот на песната и кој зад себе остави трага што нема да избледи.

Мики целиот свој живот беше со музиката. Задолжен за тапаните, тој беше ритамот, пулсот и темелот на многу убави песни, забави. Заедно со својот брат Христијан Кико – Болеро, беше дел од познатата македонска група Болеро, која остави неизбришлив печат на македонската музичка сцена.

Животот му подари љубов, но му донесе и тешки моменти. Пред неколку години неговата сопруга почина, болка што тивко ја носеше, но и болка што не го сопре да биде силен за своите два сина — неговата најголема гордост и најголема причина да продолжи напред.

Со заминувањето на Мики, нашата мала заедница изгуби благ, скромен и искрен човек, уметник со големо срце и пријател кој секогаш знаеше да остави убав збор и убава нота зад себе.

Длабоко, искрено сочувствуваме со неговото семејство, блиските и сите што го сакаа.

Почивај во мир, Мики.

Твојата добрина ќе живеат во нас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде