Голема потрага во Србија: На девојчето Ана му се губи секаква трага

20-годишната Ана Радовиќ од Златибор е пријавена за исчезната на територијата на Србија, откако од својот роден крај тргнала кон Белград, каде студирала.

Информацијата за исчезнувањето е пријавена на страницата „Исчезнати во Србија“.

Во меѓувреме полицијата добила дојава дека автомобил во кој се наоѓале маж и жена паднал во езеро во Меѓувршје, поради тоа што во текот на вчерашниот ден беше спроведена потрага.

Последен пат Ана се слушнала со нејзиниот брат додека била во околината на Чачак.

Ана е висока околу 170 сантиметри, и има светлозелени очи. Семејството и пријателите бараат било каква информација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде