Се случи она најлошото: Пронајдена е исчезнатата Ана – заедно со пријател загинале во сообраќајка

Денес се пронајдени две тела во бетонски канал покрај автопатот Чачак – Пожега во автомобил кој излетал од патот.

Како што неофицијално потврдија за српски „Блиц“ од семејството, станува збор за телата на исчезнатата Ана Радовиќ и нејзин пријател кој бил во возилото со неа и кој го возел „аудито“.

Дваесетгодишната Ана Радовиќ исчезна во недела попладне. Последен пат нејзиниот брат ја слушнал во 18:45 часот, додека било во близина на Чачак, потврдува нејзиниот татко, Милош Радовиќ.

„После тоа, нејзиниот телефон бил достапен уште 13-14 часа, а потоа станала недостапна. Мислам дека веројатноста дека имала сообраќајна несреќа е мала“, изјавил таткото.

Според него, од полицијата му било кажано дека на денот на нејзиното исчезнување не е пријавена сообраќајна несреќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде