„Неговото заминување претставува голема загуба за неговото семејство и за сите кои го познаваа и го почитуваа“

Познатиот поп пејач Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар.

Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.

Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и многу брзо се претвори во идол на младите. Шпат беше важна фигура на албанската поп-музика, задржувајќи ја популарноста со својот препознатлив стил.

Зад себе остави сопруга и едно дете.

Пријатели и роднини на социјалните мрежи се простуваат од младиот пејач. Својата порака остави и Оливер Спасовски.

„Со искрено жалење ја примив веста за прераната смрт на Шпат Касапи.

Неговиот заминување претставува голема загуба за неговото семејство и за сите кои го познаваа и го почитуваа.

Упатувам длабоко сочувство до целото семејство и до неговите најблиски, со искрена поддршка во овие тешки моменти.

Нека почива во мир.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде