ВНИМАТЕЛНО: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.
Делчево 365 известува за уште еден одрон.
Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала каде одронет материјал се има спуштено на дел од коловозот.
Сообраќајот не е во прекин. Возилата се пропуштаат, а по потреба кратко се задржуваат додека трае расчистувањето.
Според информации од надлежните служби и возачи одрони има и на други места долж магистралата, поради што препораката е возачите да се движат со посебно внимание и прилагодена брзина.
Работите на терен се во тек.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

