Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од дожд во текот на денешниот ден, и предупредува дека пообилни ќе бидат во источните делови од земјата (над 35 литри на метар квадратен).
На повисоките места се очекуваат и врнежи од снег. Ќе дуба длаб до умерен северен ветер.
Максималните температури денеска ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени.
Во петок ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.
Славчо Попоски предмалку објави дека на Попова Шапка има врнежи од снег.


