Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек за 5,9 проценти, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Бислимовски.
Според пресметките, просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари.
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9 отсто, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6% отсто, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7 отто.
Бислимоски нагласи дека е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна модернизација на топловодната мрежа за да се намалат дефектите, да се подобри квалитетот на снабдување и да се овозможи проширување на мрежата.

