Тетовчанец ќе одговара кривично затоа што на 1 ноември поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на свој сограѓанин.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (20) од село Пирок,
општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 01.11.2025 година во Тетово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на А.К.(20) од Тетово.

