Важно предупредување за викендот: Еве какво време не очекува

Студен викенд пред нас: Утрински температури под нулата, но времето ќе биде стабилно

Во земјава овој викенд ќе преовладува претежно стабилно, но значително постудено време.

Сабота и недела носат умерена облачност со повремени сончеви периоди, но утрата ќе бидат многу студени, со температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Дневните максимуми ќе се движат меѓу 6 и 11 степени.

Магла по котлините и опасност од голомразица

Во Скопје утрата ќе бидат студени (околу 1 степен), а дневната температура ќе достигне до 10 степени во недела. По котлините е можна појава на магла и ниска облачност.

Надлежните апелираат на внимателност во раните утрински часови поради можна појава на голомразица, особено во повисоките места и котлинските региони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде