Се појавија снимки: Доцна синоќа силно невреме во овој македонски град

На социјалните мрежи денеска беше споделена снимка од профилот на Роберто Навали, на која се гледа дека една улица во Штип е речиси целосно под вода.

Според првичните информации, обилниот дожд и поголемата количина атмосферска вода најверојатно придонеле до создавање на воден застој на коловозот.

На видеото се забележува дека водата достигнува до рабовите на тротоарите, а возилата со тешкотија поминуваат низ поплавениот дел од улицата.

Дел од жителите кои се најдоа на местото коментираат дека канализационите сливници не успеале да ја примат целата вода за кратко време, што довело до поплавуванје на делови од сообракјајницата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде