Според информации од високи партиски извори, Методија Илиевски, еден од четворицата потпретседатели на СДСМ, наскоро ќе биде разрешен од својата функција, пишува Фокус.
Одлуката ја донел лидерот на партијата, Венко Филипче, поради тоа што Илиевски, според оценката на раководството, не покажал доволна одговорност во текот на изборниот процес, особено затоа што заминал во странство непосредно пред изборите.
„Неприфатливо е било кој одговорен член, а камоли потпретседател, да замине во странство додека трае изборен процес и особено во пресрет на изборниот ден“, посочуваат партиски извори.
Со оваа кадровска промена, бројот на потпретседатели во најтесното партиско раководство ќе се намали од четворица на тројца, при што нов член ќе биде Александар Трајановски.
Во иднина, функцијата потпретседатели ќе ја задржат Кристина Костова и Каја Шукова, додека Фани Каранфилова-Пановска и Александар Саша Димитриевиќ остануваат на позициите заменик-претседателка и генерален секретар.

