ТРАГЕДИЈА: Безживотно тело пронајдено во Вардар

Попладнево, околу 14:30 часот, случајни минувачи забележале безживотно тело во реката Вардар, недалеку од селото Уланци, и веднаш ја известиле територијалната противпожарна единица во Велес.

Пожарникарите излегле на терен и со едно возило и двајца спасители успеале да го извлечат телото од водата.

По интервенцијата, телото било предадено на надлежните служби за понатамошни постапки.

Јавната обвинителка Цветанка Богоевска од Основното јавно обвинителство Велес потврди дека се преземени првични истражни мерки, а наредена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде