Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско, објави Порта.мк
Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.
Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.
АМСМ информира:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

