Тешка сообраќајна несреќа – малолетник итно пренесен во болница

14-годишен мотоциклист од Куманово е тешко повреден при судир со возило. 

– На 01.12.2025 во 16:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(25) од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово, стои во денешниот полициски билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде