ШОКАНТНО: Погледнете која е рекордната брзина измерена со камерите на „Сејф сити“

Првичните резултати од тридневниот тест-период на системот „Сејф сити“ (Safe City) откриваат застрашувачка слика за сообраќајната култура.

Според најновите податоци на Министерството за внатрешни работи (МВР), само во текот на вчерашниот ден, во временски интервал од само 12 часа, камерите регистрирале неверојатни 22.600 сообраќајни прекршоци.

Статистиката е поразителна и покажува масовно непочитување на правилата – дури 95 проценти од вкупните прекршоци (околу 21.400) се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената.

Системот ја регистрираше и апсолутната рекордна брзина во овој пробен период – возач кој „летал“ со 209 километри на час, што е брзина соодветна за авто-трки, а не за јавни патишта.

Од друга страна, камерите се покажаа како бескомпромисни и за малите пречекорувања, па најниската брзина за која е генерирана казна изнесува 51 км/ч (во зона на 50). Овие алармантни податоци, според надлежните, ја потврдуваат итната неопходност од целосната имплементација на овој систем за воведување ред и зголемување на безбедноста на патиштата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде