Почина композиторот, музичарот и професор Илија Булоски, објави Публицитет.мк
Уште еден скромен ЧОВЕК замина во вечноста. Благородното срце на професорот по музика и композитор Илија Булоски, престана да чука денеска во 71 година од животот.
Охрид загуби уште една култна личност која музички образуваше генерации и генерации ученици во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и последните децении од неговиот работен век заедно со неговата животна сопатничка Вера ( исто професор по музика) во ООУ „Христо Узунов“.
Нема кој не се сеќава на нивните музички точки во изведба на хоровите, оркестрите и учениците солисти.
Во наследство на нивните млади колеги Илија им остави над десеттина композиции кои „дишат“ со неговиот композиторски дух.

Целиот текст ТУКА

