Трагедија го потресе регионот: Пронајдени три безживотни тела – полицијата на терен

Во утринските часови во семејна куќа во Чачак беа пронајдени телата на маж на возраст од 47 години и неговите родители, околу 75 години, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата и екипата на брзата помош потврдиле дека станува збор за насилна смрт, а на местото на настанот бил пронајден и нож.

Местото е целосно обезбедено за да не се уништат трагите и доказите.

Форензичкиот тим моментално собира докази, но засега не е јасно дали станува збор за семејна трагедија, двојно убиство со самоубиство или напад од трета страна.

Сите детали ќе бидат утврдени по завршување на истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде