Утре е голем празник – никако не правете го ова

Православната црква и верниците утре, на 8 декември, го одбележуваат денот на Светиот свештеномаченик Климент, великиот просветител, чудотворец и заштитник на македонскиот народ.

Роден во Рим, од царски род. Неговата мајка и двајца браќа, патувајќи по море, биле разнесени од бура во различни правци; а таткото, тргнувајќи да ги бара, исто така исчезнал. Кога Климент имал дваесет и четири години, тргнал на Исток во потрага по своите родители и браќа

Во Александрија го сретнал апостол Варнава, а потоа му се придружил на апостол Петар, чии следбеници биле токму неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустинијан. По Божја промисла, апостол Петар најпрво ја нашол Климентовата мајка, која била веќе старица, а потоа и таткото. Така семејството повторно се соединило и сите, како христијани, се вратиле во Рим.

Обичаи и народни верувања

Св. Климент важи за заштитник на учениците, учителите, писменоста и сите што се занимаваат со духовна или интелектуална работа.

Во словенските народни преданија се вели дека „ако денес се помолиш за чист ум, Господ го услишува преку светителот“.

Поради тоа што голем дел од својот живот Свети Климент го поминал во маки, затвор и страдање,постои верување дека на овој празник не треба да се земаат во раце ножеви и други остри предмети, „за да не се повредат раните“ на Свети Климент.

Празникот на светителот и просветител, е поволен за довршување пишана работа, учење, прегледување документи, започнување духовно или образовно студирање.

На утрешниот ден се помага на сиромашни и болни. Свети Климент бил милосрден, па кај народот постои правило: „Кој на Св. Климент ќе помогне на сиромав, цела година ќе оди по благослов“.
Дури и мало дело – храна, облека, лекови се смета за правење чест кон светителот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде