Д-р Беќаровски алармира: Ова го правиме често, а е многу опасно по здравјето

Докторот Нико Беќаровски објави нов статус на социјалните мрежи и привлече големо внимание од граѓаните.

„Луѓето кои најголем дел од денот седат имаат за 112% поголем ризик за dijabetes tip 2, a за 147% поголем ризик за инфаркт.

Просечно денес седиме 8–10 часа дневно.

Често се случува 3-4 часа да не се помрднеме.

Што се случува тогаш:

– по 30 минути ни се намалува циркулацијата во нозете

– мускулите ја губат осетливоста кон инсулинот.

– гликозата поспоро влегува во клетките

– lipaza (eнизимот за разложување на мастите) опаѓа дo 90%

– trigliceridi-те растат

– се проценува дека долготрајното седење го скратува животниот век исто колку и 15 цигари дневно.

Веќе после 30 минути седење:

– крвта се успорува

– endotel-от (внатрешниот слој на крвните садови) почнува да ја губи функцијата

– мозокот добива помалку кислород и го губи фокусот

– телото преминува во режим на чување на енергијата и го успорува метаболизмот

Што треба да направиш?

– раздвижи се 2-5 минути секои 30 минути

– nо секое јадење прошетај 2–5 минути (го намалува шеќерот и инсулинот за 20–30%)

– додека зборуваш на мобилен движи се

– искористи ги рекламите на ТВ за да се раздвижиш

– паркирај ја колата барем 200 метри подалеку од твојата дестинација

– секоја пауза меѓу часовите, учениците да се тераат да се раздвижат

Ултра процесираната храна го зголемува ризикот од метаболен синдром за 82% кај неактивните и за 30% кај активните.

Ризикот од срцеви болести е 70% кај неактивните, а 12% кај активните кои конзумираат ваква храна, а ризикот од гојазност е помал за 42% кај активните !!!

Џабе ќе поминете 1 час во теретана ако 9 часа пред или потоа ги отседите !!!!

Направете 10.000 чекори дневно за да не Ви биде здравјето бедно“, објави Д-р Беќаровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде