19-годишен возач и уште неколку лица се повредени откако, вчера возило излетало од автопатот кај клучката кај општина Илинден.
„Патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен скопјанец излетало надвор од патот, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник.
Полесно биле повредени возачот и уште тројца патници во визилото.
Сите повредени се од Скопје и се пренесени во болница”, известија од полицијата.

