Страотна несреќа – пет лица пренесени во болница

На автопатот Скопје-Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ управувано од Л.А.(19) од Скопје, излета од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здоби сопатникот С.А., додека со телесни повреди се здоби возачот и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А.,

сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.

Од МВР велат дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде