Почина сопственикот на познатото македонско кафуле

Почина познатиот  охриѓанец Сашо Наневски – Нанец,   сопственик на првото модерно кафуле во Охрид, објави Охрид нет.

 Вечерва во Охрид, на 57-годишна возраст, ненадејно почина, Нанец, кој беше широко познат меѓу охриѓани како еден од пионерите на модерната урбана култура во градот и ноќниот живот.

Тој беше сопственик на првото современо кафуле  „Томато“ во Охрид, кое со години претставуваше омилено собиралиште и место што донесе нов дух и стил во градот.

Беше пионер на авангардната музика во градот. Низ годините беше сопственик и на неколку дискотеки.  Неговиот ангажман и препознатлива енергија оставија трага кај многу генерации.

Потекнуваше од семејство познато по својот придонес за охридскиот јавен и културен живот — неговиот татко беше сопственик на познато фото-студио, кое со децении претставуваше препознатливо место за охриѓани. Охрид денес изгуби човек кој остави силен белег во развојот на локалната угостителска сцена и во современата историја на градот.

Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријатели и сите што го познаваа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде