Важни информации за сите кои утрово патуваат

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без проблеми, по претежно суви коловози, а интензитетот на движење надвор од урбаните средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Од диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат соопштуваат дека кај Демир Капија е намалена видливоста на околу 50 метри поради густа магла.

На одредени патни правци низ усеци и клисури можно е појава на помали одрони, кои редовно се расчистуваат.

Возачите се повикуваат на внимателно и адаптирано возење, почитување на поставената сигнализација и зголемена претпазливост, особено во котлините, речните долини и клисурите каде што е можно појавување на одрони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде