Македонија во ШОК: Киднапирал, застрелал со пиштол и закопал жена пред очите на неговата сопруга

Полицијата и обвинителствата во Тетово и Куманово во еден ден објавија два случаи на насилство врз жени кои длабоко ја вознемирија јавноста.

Првиот случај доаѓа од гостиварското село Равен, каде исчезнувањето на 53-годишна жена од пред неколку дена, на почеток изгледало како необично, но не и загрижувачко отсуство. Синот последен пат ја видел како влегува во автомобил и од тогаш не можел да воспостави контакт на мобилениот телефон.

Снимките од видеонадзорот, нелогичните движења и сомнителните активности на 53-годишен жител на гостиварско Неготино го насочиле истражувањето во друг правец.

Кога полицијата извршила претрес кај него дома, неговата сопруга признала дека ја застрерал со пиштол и ги упатила полицајците до местото каде што жената била закопана.

-„СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М. (53) од с. Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М. (34) од Гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А. (53) од с. Равен, Гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило ‘фиат’, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12 и 07.12.2025, С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него. По преземени мерки во врска со случајот и по извршени проверки на видеозаписи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Полицијата трагично ја затвори потрагата по жената, сега истрагата треба да ги открие мотивите за убиството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде