ТРАГЕДИЈА: Загина работник на работното место

Утринава во фабрика во скопската населба Ѓорче Петров се случил трагичен инцидент во кој животот го загубил работник кој управувал со индустриска машина за пакување готови производи, објави „24инфо“.

Според неофицијални информации кои ги објави порталот, при управување со машината, „системот управуван со вештачка интелигенција активирал неконтролирана секвенца која довела до смртни последици“.

Како дошло до инцидентот, односно дали станува збор за технички дефект, пропуст во безбедносните протоколи или грешка во софтверот, засега не се знае.

Полицијата и инспекторатот за труд биле во фабриката, а техничките тимови веќе работат на анализа на системот и опремата, пишува порталот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде