Курир објави: Вечерва уапсен поранешен висок функционер за примање поткуп!?

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, вечерва е уапсен, неофицијално дознава Курир.

Според информациите, Стафа се сомничи за примање поткуп во висина од неколку десетици илјади евра.

Стафа ја презеде функцијата државен правобранител во август 2018 година, а во август 2022 година беше разрешен од Владата.

Тогаш од Државното правобранителство соопштија дека Стафа поднел оставка од лични причини.

Дополнителни детали за апсењето и истрагата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Неговото име најчесто се поврзуваше со случајот „Трансмет“, односно со постапките за одземање имот поврзан со бизнисменот Сеад Кочан. Тој беше во судир со поранешните обвинители на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро, затоа што државата не го конфискуваше имотот на Кочан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде