Апсење на граничниот премин „Табановце“ – Полицијата со детали
На граничниот премин „Табановце“ вчера бил уапсен О.А.(27) од Турција. При излез од државата тој не поседувал никакви документи,
а по извршени проверки утврдено е дека по барање на Интерпол по него е распишана меѓународна потерница и бил баран за издржување на затворска казна од осум години.
Тој е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

