Почина новороденче на ГАК – Министерството чека обдукциски наод

Министерството за здравство изрази сочувство до семејството по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и информираше дека се преземаат сите неопходни чекори за целосно расветлување на случајот.

Министерот за здравство, Азир Алиу, иницирал вонреден инспекциски надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор.

Од Министерството потенцираат дека постапувањето ќе биде професионално, стручно и транспарентно, со цел јавноста да биде точно и објективно информирана за околностите под кои настанал трагичниот исход, како и за преземените активности од стручен аспект.

Во соопштението се апелира до јавноста да се почекаат резултатите од инспекциските и стручните надзори, како и обдукцискиот наод, кој, како што наведуваат, е единствениот и конечен релевантен документ за утврдување на причините за смртта. До добивање на конечните резултати, Министерството повикува да не се создава дополнителен немир кај семејството и во јавноста.

Воедно, потсетуваат дека Клиниката за гинекологија и акушерство претставува врвна терциерна здравствена установа, во која се применуваат законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство најавува дека ќе остане отворено и транспарентно во комуникацијата и дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по добивањето на сите релевантни наоди. објави Скопје1.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде