МВР информира дека 40-годишен скопјанец кој одлежувал затворска казна во затворот во Штип е пронајден починат.
„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот В.М.(40) од Скопје.
Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство“ – информираа од полицијата.
Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

