На 16 декември 2025 година, во 17:35 часот, во ОВР Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани–Виница, на локација позната како „Сланечки дол“,
патничко возило „Пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

