Апсење на „Меѓународен Аеродром Скопје“
МВР соопшти дека вчера во 01:50 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ биле лишени од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина.
При извршената контрола, полициските службеници утврдиле дека двете лица приложиле фалсификувани документи при влез во државата.
Лишените од слобода се задржани во Полициската станица Гази Баба, каде ќе се спроведат понатамошни мерки и постапки согласно законот.

