Името на Баба Ванѓа повторно ја бранува јавноста, откако се појавија нови толкувања на нејзините наводни предвидувања за 2026 година.
Според следбениците на славната македонска пророчица, светот го очекува една од најнеизвесните години во модерната историја.
Најконтроверзното тврдење е дека во ноември 2026 година човештвото ќе оствари контакт со вонземска цивилизација, при што на Земјата наводно ќе се појави „огромен вселенски брод“. Овој настан, според толкувањата, ќе го промени начинот на кој луѓето ја перцепираат реалноста и сопственото место во универзумот.
Но, вонземјаните се само дел од мрачната слика. Баба Ванѓа, наводно, предупредувала и на сериозна ескалација на глобалните тензии, со можност за судир меѓу најголемите светски сили – САД, Русија и Кина. Според овие визии, светот ќе живее под постојана закана од голем воен конфликт.
Природата, исто така, нема да мирува. Предвидувањата зборуваат за силни земјотреси, вулкански ерупции и екстремни временски непогоди, кои би можеле да погодат околу осум проценти од копнената површина на планетата. Овие настани би донеле нестабилност, масовни миграции и сериозни економски последици.
Сепак, меѓу црните сценарија се појавуваат и знаци на надеж. Наводно, 2026 година ќе донесе голем напредок во медицината, особено во раната детекција на тешки болести како ракот на крвта. Истовремено, се очекува забрзан развој на вештачката интелигенција и нови технологии кои би можеле драстично да го променат секојдневниот живот.
Важно е да се нагласи дека Баба Ванѓа никогаш не оставила писмени записи. Сите овие предвидувања се базираат на сведоштва и интерпретации на луѓе кои ја следеле, најчесто објавени по нејзината смрт во 1996 година. Поради тоа, научната заедница ги смета овие тврдења за шпекулации, а не за проверени факти.
И покрај тоа, интересот не стивнува. Според атмосферата што ја создаваат овие наводни визии, 2026 година се најавува како период на драматични промени – од можни средби со вонземјани, преку глобални политички судири, до сурови потези на природата.
Дали станува збор за мит, колективен страв или случајни поклопувања – останува да покаже времето. Но едно е сигурно: предвидувањата за 2026 веќе го држат светот во неизвесност.

