Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и тивко со појава на магла. T=6°C. P=990hPa. U=70%. V=1m/s.
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

