Почина легендарниот македонски новинар

По кратко боледување на 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари во Македонија, потврдиле негови пријатели и соработници.

Во ноември минатата година, Костиќ прослави 50 години од радиоемисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“.

Костиќ беше и еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Ја започнал кариерата во Радио Скопје со „Диско Селектор“. Од 1991 година ја водеше емисијата „Заборави ако можеш“.

Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу со „Б со точка“ и со онлајн емисијата „Кавервил“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде