Особено ова што ќе го изјавам сега за јавноста најмногу ќе се израдуваат младите а тоа е дека барем од она што постојано го следам на прогностичките материјали и е многу интересно е тоа дека на прагот од новата 2026 година очекуваме снежна идила во Македонија и пообилни врнежи од снег и вистинско зимско време.
Секако сеуште се работи за неофицијални анализи и промени во истите ќе има но какви промени ќе има тоа останува да видиме што ќе кажат прогностичките материјали во понатамошните нови ажурирања.
ДАЛИ НА ПОВИДОК Е СНЕГ НА ПРАГОТ ОД НОВАТА ГОДИНА !
Според метеограмот за Скопје (оригинална креација на авторот) за ден 20 Декември добиен со ,ML прогноза (AIFS) истиот прикажува околу 95 % веројатност за појава на магла во Скопје.
Но она што е навидум најинтересно, особено за младите, е веројатноста за снег, следниот ден од Новата 2026 година. Да веруваме дека преценките ќе се остварат.

