ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски актер

Од Драмски театар со тажна вест. Почина актерот кој сите го сакаа.

Секогаш знае да ги насмее сите, да биде уникатен и оригинален.

-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес.

Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест!

Нека му е вечна слава!

Ќе остане запамтен и по своите улоги во Исцелител, Сенки, Трст виа Скопје, Еурека, Солунски патрдии, Македонски народни приказни, Преспав, Пусто турско….

Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата и пријатлеите на актерот Лазе Манасков.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде