Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка
Две лица, државјани на Северна Македонија, го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија.
Според информациите на српските медиуми, автомобилот во кој се превезувале излетал од патот.Несреќата се случила кај клучката Умчари.
Според првичните и неофицијални информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Силината на ударот била фатална за патниците на предните седишта.
Од смачканиот автомобил биле извлечени телата на маж и жена – возачот и совозачот, за кои е потврдено дека се македонски државјани.
Во возилото имало уште едно лице, патник, кој го преживеал ударот, но се здобил со тешки телесни повреди и итно е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.Полицијата извршила увид на лице место, а истрагата е во тек за да се утврдат точните причини кои довеле до оваа трагедија.

