Први снимки од местото на трагедијата која ја потресе Македонија

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград-Ниш, кај клучката Умчари.

Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот.

Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.

Маж и жена починале на самото место, а трет патник е тешко повреден и е пренесен на болничко лекување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде